Чичаковски: Избирачкиот список е добра основа за кредибилни избори

by Fokus

Добивме само триесеттина барања за запишување, промени или бришење во податоците на избирачкиот список. Самото тоа покажува дека сите актери вклучени во изборниот процес сметаат дека истиот претставува добра основа за спроведување фер и кредибилни избори, вели претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Државната изборна комисија одлуката за заклучување на избирачкиот список ја донесе на јавна седница на која беа повикани сите медиуми, релевантните институции, акредитираните набљудувачи и истата е објавена на веб страната на ДИК, односно достапна е за сите граѓани. Има одредени забелешки, ги гледаме и ние од страна на одредени експерти, но јас лично сметам дека постојната состојба на избирачкиот список ја рефлектира правната рамка и степенот на точност на податоци кои ги добивме од релевантните институции – истакна Чичаковски.

Поврзани новости