(ВИДЕО) Рама испрскан со мастило за време на седницата за Протоколот на Македонија во НАТО

by fokus

Албанскиот премиер Еди Рама беше испрскан со мастило во лицето за време на седницата на албанскиот Парламент за ратификацијата на Протоколот за членство на Македонија во НАТО. На оваа седница присуствуваше и претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери.

Рама беше нападнат од пратеникот Еди Палока, откако го опоменал лидерот на опозицијата Љуљзим Баша, кој ја искористил седницата за да зборува за криминалите на власта.

„Детето не знае што прави и што зборува“, рекол Рама, потсетувајќи го Баша дека не е момент да се зборува за други теми и поради тешката сообраќајна несреќа во Македонија, во која загинаа 14 луѓе.

Поврзани новости