(ВИДЕО) Работодавачите ќе добијат финансиска поддршка за дел од плата или придонеси за вработените

by Fokus

На денешната прес-конференција во Владата, министерката за финансии Нина Ангеловска објаснуваше како компаниите можат да ги искористат мерките за поддршка од Владата за намалување на последиците предизвикани од состојбата со корона вирусот.

Како што посочи Ангеловска, мерката за финансиска поддршка од 14 500 денари за вработените за месеците април и мај, може да ја искористат сите компании кои имаат намалување на приходите од 30 отсто во месеците април и мај.

„Работодавачите добиваат финансиска поддршка која не значи нето плата, туку се работи за парични средства кои им се даваат на работодавачите да покријат дел од плата или придонеси. На пример, компаниите кои имаат пад на приходите од 30, 40, 50 проценти, целта е да можат да ги задржат работниците и да ги задржат платите на пристојно ниво со оваа поддршка“, рече Ангеловска.

Поврзани новости