Куманово достигна бројка од 200 заразени од корона вирус и најмногу смртни случаи

by Fokus

Како што веќе објавивме, нови 68 заразени од корона вирус се регистрирани во земјава во последните 24 часа, со што вкупната бројка достигна 828 заразени. Овие 68 позитивни случаи се од направени 404 теста.

Најголем дел од заболените, 312, се од Скопје. Втор град по број на случаи со Ковид-19 е Куманово со точно 200 случаи. Трет е Прилеп, каде има 72 лица со коронавирусот.

Во Куманово, исто така досега има најмногу починати од Ковид 19.

 

Поврзани новости