Украинските безбедносни служби му доставија на Си-Ен-Ен снимка од нападот на мостот на Крим, кој се случи на 17 јули.
Во нападот е користен експериментален морски дрон. Нападот предизвика сериозни оштетувања на мостот, додека двајца цивили ги загубија животите.
Шефот на SBU, Васил Маљук, изјави за Си-Ен-Ен дека користениот дрон, наречен „Морско бебе“, е резултат на неколкумесечниот развој што започна веднаш по инвазијата.
„Беспилотните летала на површината на морето се уникатен изум на Службата за безбедност на Украина. Ниту една приватна компанија не е вклучена. Со помош на овие беспилотни летала неодамна успешно го погодивме мостот на Крим, големиот јуришен брод Оленгорски Горњак и танкерот за нафта SIG“, рече тој.
„Работиме на голем број нови интересни операции, вклучително и водите на Црното Море. Ви ветувам, ќе биде возбудливо, особено за нашите непријатели“, додаде Маљук.