Американската армија урна неколку ирански дронови, „Железна купола“ пресретна други над Израел

by Fokus

Американската армија веќе урнала неколку ирански беспилотни летала упатени кон Израел, соопшти СиБиЕс Њуз, цитирајќи два извори од администрацијата.

Тие не споделија информации на кој начин и каде биле уништени дроновите.

Во исто време, израелските медиуми јавија дека над Ерусалим се активирал противвоздушниот ситем „Железна купола“ кој пресретнал и уништил неколку беспилотни летала.

Над градот се слушале сирени и експлозии додека ефикасниот американски противвоздушен систем ги уништувал еден по еден иранските дронови.

Поврзани новости