Уапсен е еден од напаѓачите на докторот и сестрата од итна медицинска помош

by irena 14:44
14:44

Еден од двајцата осомничени за физички напад врз лекар и медицинска сестра пред поликлиниката „Јане Сандандски“ во скопската општина Аеродром е приведен.

Според информациите од МВР, на 21 ноември, во 19:15 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ј.К.(41) од Скопје.

Претходно, околу 17:30 часот, тој и неговиот 62-годишен татко, С.К., по претходно недоразбирање, физички нападнале лекар и медицинска сестра.

Според неофицијални информации за настанот, таткото и синот дошле на клиниката со постар пациент, кој бил болен од карцином, и наводно, испил антифриз со цел да си го одземе животот.

Тие инсистирале пациентот итно да биде префрлен во Клиниката „Мајка Тереза“, но лекарот и сестрата процениле дека нема потреба за тоа, и дека можат сами да го однесат со автомобил.

Притоа дошло до расправија, по што таткото и синот физички ги нападнале лекарот и медицинската сестра, и им нанеле телесни повреди, поради што тие се хоспитализирани.

 

Слични вести