573
Студентскиот пленум објави видео од она што се случуваше на првиот ден од воспоставената автономна зона на филолошкиот и филозофскиот факултет. На видеото можете да ги погледнете активностите што ги спроведуваа студентите вчера како што се прекинување на предавањата на професорите, музички настапи, проекции и многу други работи. Во видеото ја има и атмосферата во моментите пред студентите да ја „окупираат“ емисијата Јади бурек.