ВМРО-ДПМНЕ: Новиот Совет за судии е по европски стандарди

by Фокус

„Формирањето на новиот орган – Советот за утврдување факти и покренување постапка за одговорност на судии е во насока на усогласување со меѓународните стандарди и праксата на Европскиот суд за човекови права. Имено овие стандарди налагаат покренувањето на постапката за утврдување на одговорност за судија, водењето на истрагата и донесувањето одлука за изрекување дисциплинска мерка да бидат разделени. Концептот креиран со Законот за Судскиот совет на Република Македонија од 2006 година не е во рамките на најновите стандарди во делот на судската независност и непристрасност. И тоа е нотирано во извештаите на релевантни меѓународни институции.“

Вака ВМРО-ДПМНЕ вечерва одговори на вчерашното соопштение на СДСМ во кое најголемата опозициска партија реагира дека власта воведува неуставен орган за одговорност на судиите.

Според партијата на власта, концепот содржан во Законот за Судскиот совет на Република Македонија не ги задоволува барањата за непристрасно одлучување што е нотирано и во извештаите на меѓународните организации, па затоа бил донесен новиот закон.

Поврзани новости