442
Големи насипи на вода им се закануваат на новоизградените административни објекти во Скопје. Во моментов најкритично е кај Министерството за надворешни работи и Управата за финансиска полиција каде околното земјиште веќе пропаѓа.
Телевизија Алсат објави видео од теренот, каде заради безбедносни причини е забрането движење на почетокот на мостот и кај зградата на МНТ.
Вода има и околу музејот на ВМРО и кај новиот театар. На локациите веќе пристигнаа противпожарни единици и полиција и во моментов се прават обиди за испумпување на водата.