Владата вечерва одржа седница за состојбите со пожарите на која донесе одлука и прогласи кризна состојба во општините Македонски Брод и Чашка каде повеќе денови има активни пожари, соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Одлуката се носи за поефикасно справување со пожарите кои во последните денови ја зафатија земјата.
„Анализирајќи ги сите состојби пред се од сите релевантни фактори и институции вклучени во пожарите, донесовме одлука на владата со која прогласивме кризна состојба во овие општини. Ова е донесено со цел да можат во координирана акција да делуваат институциите“, рече Спасовски.
За поефикасно гаснење на пожарите Владата прогласи кризна сост…
За поефикасно гаснење на пожарите Владата прогласи кризна состојба во два региони.
Publiée par Oliver Spasovski sur Samedi 5 août 2017