(Видео) Пратениците од опозицијата поднесоа оставки

by Фокус

Кандидатите за пратеници од опозицијата денеска до Собранието ги доставија своите оставки.

– Нема учествување во парламент што не е одраз на вистинската волја на граѓаните, ниту некој може да влијае на овој став на опозицијата. Со овој чин се почитува одлуката донесена од органите и телата на партиите и се потврдува цврстата определеност на сдсм и на коалициските партнери за неприфаќање на мандатите. Оставки поднесоа сите 33-ца пратеници кои потпишаа на нотар дека не ги прифаќаат мандатите. Власта на Никола Груевски насилно ги верификуваше мандатите на пратениците на опозицијата – изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Поврзани новости