ЛДП: Роза изврши политичко самоубиство

by Фокус

Чекорот на Роза Топузова-Каревска да не го почитува партискиот став и да влезе во ваков нелегитимен Парламент е разочарувачки и доаѓа во исклучително критичен момент за судбината на Македонија, реагираше денеска ЛДП со соопштение,

„Ставот на ЛДП е добро познат, а тоа е дека не ги прифаќаме пратеничките мандати освоени на фалсификувани и недемократски избори. Нема да дадеме легитимитет или да бидеме соучесници на ваков начин избрана власт и институции. За Либерално демократската партија е јасно дека битката со овој режим не е лесна. Цврсто остануваме на патот за уривање на нелегитимно избраната власт, но таа битка бара решителност, пожртвуваност и, пред се, ставање на општиот пред личните интереси. Затоа, за да дојдеме до оваа цел, треба да се исчистат редовите за да се знае на кого може искрено да се смета и кому може да му се верува.

Тој нејзин личен избор претставува политичко самоубиство, бидејќи знаеме како и каде завршуваат сличните примери. Точно е дека битката треба се води во институциите, но само тогаш кога тие функционираат во демократски амбиент. Оттаму, опозицијата не смее да биде само декор или алиби на овој режим. Вратата на ЛДП е отворена за сите, и секој со своите потези одлучува кога ќе влезе или излезе. Секој сам одлучува како ќе ја започне и како ќе ја заврши својата кариера“, се вели во соопштението на либералдемократите.

Поврзани новости