ВИДЕО Пратеникот на Сириза проговори на македонски јазик во грчкиот Парламент

by Fokus

Пратеникот Јоргос Урзидис од Сириза кој има потекло од северна Грција, денеска во грчкиот Парламент даде поддршка за договорот со Македонија.

Тој за време на неговиот говор од говорницата се обрати на македонски јазик, односно на костурски дијалект, а потоа пораката за пријателство ја преведе и на грчки.

– Пријатели од Република Северна Македонија, како што се разбравме, време е да го оставиме назад сето она што не разделува и да го видиме напред тоа што е зваемно пријателство, сестринството и љубовта – рече Узурдис на македонски јазик.



Поврзани новости