(Видео) Пожар во фабрика за гуми во Русија

by Fokus

Голем пожар избувна во фабрика за гуми во рускиот град Барнаул.
Пожарот бил локализиран откако зафатил површина од илјада квадратни метри, јавуваат руските медиуми.

Пожарот избувнал во Алтај, фабрика за производство на гуми за авиони и воена опрема, утрово околу 5 часот. Локализиран е по пет часа гаснење. Во акцијата учествувале 110 пожарникари со 33 возила, а истата била отежната поради ниските температури и обилниот чад.

Од фабриката се спасени три лица. Нема информации за смртни случаи. Причината за пожарот се уште не е објавена, а локалното обвинителство покрена истрага.

Поврзани новости