(Видео) Пожар во една од најпознатите згради во Копенхаген: Се урна цела кула

by Fokus

Пожар избувна во зградата на старата берза во Копенхаген, една од најпознатите згради на данската престолнина, зафаќајќи ја кулата која се урна на покривот. Нема извештаи за повредени.

Снимките во живо од локалните медиуми покажаа луѓе кои носат големи слики од зградата за да ги спасат од пламенот.

Историската зграда, чија кула беше обликувана како испреплетени опашки на четири змејови, беше подложена на реновирање кога избувна пожарот.

Во зградата, изградена во холандски ренесансен стил, повеќе не е сместена Данската берза, туку служи како седиште на данската стопанска комора, пишува Гардијан.

„Не пречека страшна глетка. Берзата гори“, пишуваше на профилот на Стопанската комора на социјалната мрежа Х.

Полицијата во Копенхаген побара од луѓето да избегнуваат возење во околината на оваа зграда.

Поврзани новости