235
Паника преживеале станарите на нова станбена зграда во скопската населба Кисела Вода, откако утринава околу 5 часот избувнал пожар пред влезот на објектот, пишува МКД.мк.
Според сведоштвата на жителите на зградата, се запалила електрична инсталација која, како што тврдат, била поставена пред извесен период.
Чадот за неколку минути го исполнил влезот на зградата, а се слушале и силни детонации.
Во паника, семејства со мали деца трчале по скалите за да излезат надвор.
Во моментов зградата е без електрична енергија, на местото на настанот утрово е присутна и полиција, а се очекува надлежните служби да ги утврдат точните причини за пожарот и евентуалната одговорност за настанатата штета.