(ВИДЕО) Последните моменти од животот на младата одбојкарка која е најдена мртва во Истанбул

by Fokus

Јулија Итиму (18), одбојкарка по потекло од Нигерија, која настапуваше за селекцијата на Италија беше пронајдена мртва во хотел во Истанбул, само неколку часа по меч во Лигата на шампиони во женска конкуренција.

Турските медиуми пишуваат дека одбојкарката си го одзела животот „скокнувајќи од шестиот кат на хотелот“.

Нејзината цимерка во собата тврди дека спиела и не слушнала ништо, а за страшната вест ја известила полицијата, која ја разбудила.

Телото на несреќната девојка било пронајдено утрото во 5 часот и 30 минути, пред хотелот.

На социјалните мрежи се појави видео снимка од надзорот во хотелот на кој е снимена одбојкарката, пред да влезе во нејзината соба.

Итума, според она што се гледа на снимката, се движи полека кон својата соба, па притоа седна на подот и може да се забележи дека не е воопшто расположена.

Потоа влегува во собата, а кратко потоа е пронајдена мртва.

 

Поврзани новости