Канте сезонава одигра пет натпревари за Челси кај четворица различни тренери

by Fokus

Интересна информација од светот на фудбалот е фактот дека играчот на Челси, Французинот Н’Голо Канте одигра вкупно пет натпревари оваа сезона, под водство на четворица различни тренери!

Навистина редок податок според највисоките стандарди на најпопуларната игра во светот.

Канте вчера беше во составот на Челси за мечот со Реал Мадрид од Лигата на шампионите, под команда на новодојдениот Френк Лампард, кој е четвртиот тренер на „сините“ кој го вклучи Французинот во составот во тековното првенство.

Претходно, во август, Канте се повреди по два одиграни натпревари под палката на Томас Тухел, кој во меѓувреме поднесе оставка, а наместо него тимот го презеде Греам Потер.

Канте одигра еден меч со Потер, тој му беше прв по повредата, а последен на Потер пред да биде заменет.

Потер доби отказ поради лоша резултатска серија, а додека клубот бараше подолгорочно решение, за тимот се погрижи Бруно Салтор кој два меча раководеше со Челзи.

Канте исто така беше во комбинација со Салтор во неговата краткотрајна епизода на клупата. Тој беше во составот на еден од двата споменати натпревари.

Французинот забележа необичен рекорд со тоа што настапи за четвртиот менаџер на Челзи оваа сезона бидејќи Лампард го вклучи во стартниот тим против Реал.

Поврзани новости