Уругвај го освои третото место на Копа Америка благодарение на победата на пенали против Канада со 4:3 (2:2), предводена од ветеранот Луис Суарез, кој израмни во последните секунди од регуларниот дел, а потоа го реализираше победничкиот пенал.
Прв погоди Уругваецот Родриго Бентакур во 8. минута, но Канаѓаните постигнаа гол преку Исмаел Коне (22′) и Џонатан Давид (80′).
Луис Суарез постигна гол во втората минута од судиското надополнување и го одведе натпреварот на пенали, каде Коне и Алфонсо Дејвис промашија за Канаѓаните.
За 37-годишниот Суарез познат како „Ел Пистолеро“ ова беше последен меч во дресот на Уругвај од кој се прости како најдобар стрелец со 69 гола на 142 настапи.
The Uruguayan players celebrating Luis Suárez!
I FREAKING LOVE YOU, Luisuto 🇺🇾🩵pic.twitter.com/iOqdaLw44g
— Sara 🦋 (@SaraFCBi) July 14, 2024