Видео: Полицаец му удира шамар на момче

by Frosina Fakova

Видео на кое се гледа како полицаец му удира шамар на момче испратиле граѓани кои биле сведоци на настанот до редакцијата на Телма.

Според нивното кажување, инцидентот се случил вчера попладне на улица „Партизански одреди“ во скопската населба Карпош 4. Најверојатно полицијата го сопрела момчето за тоа што со своето возило поминал на црвено, но потоа еден од полицајците му удира шамар, а друг го трга на страна и вербално го напаѓа.

Во Одделот за внатрешната контролапри МВР потврдиле дека видеото стигнало и до нив утрово. Се работи на препознавање на полицајците по што ќе следува и понатамошна постапка, рекле од Одделот. И според нив првичниот впечаток е дека полицијата без потреба употребила сила, но сепак конечната одлука ќе следува откако ќе се разговара и со припадниците на МВР.

Инаку, ниту еден од тројцата полицјаци кои се на местото на настанот не носи ниту заштитна маска, ниту ракавици и покрај мерките за задолжително носење кога не може да се држи дистанца.

Видеото погледнете го на овој линк.

 

 

Поврзани новости