(ВИДЕО) Под силно полициско обезбедување стартува судењето за пожарот во ,,Пулс”

by valentina 09:24
09:24

Денеска започнува судскиот процес за пожарот во кочанската дискотека ,,Пулс”, кој изби на 16 март годинава и во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Почетокот на судењето е закажан за 9:30 часот утринава во дигиталната судница во рамки на Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје.

Пред судницата присутни се бројни полициски екипи, кој овозможуваа брзо насочување на присутните родители и новинарски екипи.

Во судница на првото рочиште нема да бидат присутни дел од родителите на загинатите деца, бидејќи се сведоци. Откако ќе поминат нивните сведочења, ќе можат да ги следат рочиштата.

Според најавите, во текот на денешното, но и на претстојните рочишта, во близина на судницата ќе бидат присутни медицински екипи во случај на потреба од интервенција. Дополнително е најавено засилено полициско присуство.

На обвинителната клупа ќе седнат вкупно 38 обвинети, односно 35 физички лица и три фирми. Имајќи ја предвид бројката на обвинети, проценките се дека заедно со нивните бранители, бројот на сите странки во постапката ќе изнесува околу 67. Во текот на судењето присутни ќе бидат и оштетените и нивните адвокати.

Валентина Вурмо

Слични вести