468
Во 18 часот незадоволни граѓаните од денешната одлука на Ѓорѓе Иванов да ги помилува сите политичари почнаа да се собираат пред Специјалното јавно обвинителство. (видео)
Почетокот на протестот е од тоа место во знак на поддршка за Специјалното обвинитество, а во моментите кога граѓаните се собираа, просториите на Обвинителството ги напуштија обинителките Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска, кои добија аплауз и овации.
Сега групата се движи кон Канцеларијата на претседателот Иванов за да го изрази својот револт од ваквата одлука.