Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ денеска во Белград го пречека поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан. Двајцата политичари годинава ја загубија власта на парламентарни избори, по 14 години на власт во Србија и 16 години во Унгарија, соодветно.
Вучиќ го угостил Орбан во куќата на своите родители во околината на Белград. Во видеоснимка објавена на Инстаграм, тој го нарекол свој голем пријател и брат, додавајќи дека изборните порази не им ги одзеле достоинството, гордоста и вербата.
Виктор и ја. Прича пријатеља. pic.twitter.com/kJsPLm8Ood
— Александар Вучић (@avucic) October 31, 2026
„И двајцата неодамна загубивме на изборите, но не ги загубивме своето достоинство, гордоста ниту вербата. Добредојде, Викторе“, порача Вучиќ.
Орбан му возвратил дека вистинските пријатели стануваат уште поблиски во тешките моменти. Тој нагласил дека останува посветен на добрите односи меѓу Србија и Унгарија и на соработката меѓу двата народа.
„Можеш да бидеш сигурен, Александре, дека секогаш сум на твоја страна“, рекол Орбан, посакувајќи му успех на Вучиќ, на неговото семејство и на српскиот народ.
На крајот од средбата, Вучиќ порачал: „Ќе се вратиме!“, по што двајцата се прегрнале.