Британскиот државјанин Иван Д. неодамна на ѕидот на Колосеумот во Рим го издлабил своето и името на неговата девојка. Сега, ист вандалски чин направи и 17-годишна тинејџерка од Швајцарија.
Таа во петокот околу 16 часот и 30 минути ја издлабила буквата „Н“ од своето име на ѕидот на Колосеумот, па сега се соочува со затворска казна и парична казна до 15.000 евра. пренесуваат италијанските медиуми.
Сцената ја снимил туристички водич, кој бил со група странски посетители.
Водичот ја следел девојката, која била таму на одмор со семејството, за да ја пријави во обезбедувањето на амфитеатарот Флавијан и да им достави на вработените копија од видеото, кое потоа го прегледала полицијата на плоштадот Венеција.
Таа ќе треба да одговара за прекршувањето на правилата на општинската полиција со кои се предвидува забрана за загрозување на уметничкото, историското и монументалното наследство на градот.