(ВИДЕО) Отровен зеленчук е увезен од Албанија во Македонија, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

„До мене стигнаа документи од анализи на Државната фитосанитарна лабораторија при увоз на зеленчук во Македонија од Албанија, од кои се гледа присуство на пестициди повеќе од дозволеното. Ова се документи од МЗШВ, од државната фитосанитарна лабораторија, со документ и печат на институцијата заведени со број 10802-409/2 и 10802-372/2, од кои јасно се гледа дека Државната фитосанитарна лабораторија направила анализа на увезена крставица и домат за утврдување на присуство на пестициди. Наодот од анализата утврдува присуство на пестициди над дозволената граница“ рече денеска на прес-конференција Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство од ВМРО-ДПМНЕ.

Трипуновски рече дека „неколку камиони со отровен зеленчук се влезени во Македонија и пуштени во промет, а граѓаните освен што јадат скапа храна, јадат и небезбедна храна. ЈО мора веднаш да реагира. Немаме време за комисии, работни тела и инспекции, потребни се итни мерки, брзи истраги и одговорност“.

„Овој штетен зеленчук може да завршил на пазарите во Скопје, Тетово, Кавадарци, Гостивар, Штип, Велес, буквално низ целата територија на Република Македонија. Ваква операција на труење на сопствените граѓани, не може да се спроведе без знаење на Љупчо Николовски и Николче Бабовски. Бараме веднаш одговор и одговорност од директорот Николче Бабовски и министерот Љупчо Николовски. Оставки за овој скандал мора да има“ рече Трипуновски.

Поврзани новости