ВИДЕО Опожарените населби во Грција утринава снимени од хеликоптер

by fokus

Министерството за одбрана на Грција објави видео од населбите во источниот дел на Атика што вчера беа зафатени од катастрофалниот пожар што одзеде најмалку 49 животи и остави зад себе голема материјална штета што дополнително ќе се проценува.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, инсертите од воздух беа снимени за време на утринскиот лет со хеликоптер на министерот за одбрана на Грција, Панос Каменос, алтернативниот министер за одбрана Фотис Кувелис и началникот на грчкото воено воздухопловство, Христос Христодулу, за да ја проверат и проценат ситуацијата.

Поврзани новости