ВИДЕО ОД НАПАДОТ ВРЗ АЛ-БАГДАДИ: САД се координирал со Турција и Русија, локацијата ја открила ирачката служба

by Фокус

Ирачката државна телевизија ја објави снимката од американскиот напад во Сирија во кој е убиен лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади, недалеку од турската граница во напад извршен од страна на американските специјални сили, што претставувало финале на неколкумесечна операција во која уште биле вклучени Ирак, Турција, Русија, сириските Курди…

„Пет месеци се спроведуваа теренски извидувањеа, темелно истражување и анализа на податоците, се до изведувањето на заедничката операција за ликвидација на терористот Абу Бакр ал-Багдади. Им благодарам на сите, кои имаа придонес за оваа одлична работа“, напиша на Твитер командантот на апрапско-курдската коалиција во североисточна Сирија Мазлум Абди.

Претходно, високи ирачки разузнавачки извори за државната телевизија и за повеќе странски новински агенции изјавиле дека Ирак имал значајна улога во лоцирањето и ликвидацијата на водачот на Исламската држава.

-Ирачката служба ја дознала локацијата на ал-Багдади од документи пронајдени на тајна локација во пустина, во западниот дел на Ирак, откако биле уапсени двајца Ирачани од неговиот „најтесен круг“ – рекол неименувач ирачки извор.

И Турција соопшти дека била во „координација“ со САД пред спроведувањето на американската операција во Сирија беше убиен најбараниот човек во светот.

„Пред американската операција во провинцијата Идлиб во Сирија минатата ноќ, имаше размена на информации и координација меѓу воените власти на двете земји“, се наведува во соопштение од турското Министерство за одбрана.

Претседателот на САД Донал Трамп, на денешната прес-конференција на која соопшти како бил убиен водачот на Исламска држава, им се заблагодари на сите споменати страни, вклучително и на Русија, велејќи дека ги „третирала одлично“.

Поврзани новости