Трамп: Ал-Багдади е мртов, умре како кукавица и како куче!

by Фокус

Синоќа, Америка го донесе пред лицето на правдата терористот број еден на светот, Абу Бакр ал-Багдади е мртов, рече рече во денешното обраќање пред нацијата претседателот на САД Доналд Трамп.

– Тој беше основач на ИСИС, најсуровата терористичка организација на светот. Го баравме со години, неговото апсење и убиство беше врвен приоритет на мојата администрација. Нашите сили, во опасен и смел ноќен напад во северозападниот дел на Сирија, во голем стил ја завршија задачата. Тие беа одлични. Никој од нив не беше убиен, додека многумина придружници на ал-Багдади беа убиени – посочи Трамп.

Тој откри и неколку детали во однос на тоа како течела двочасовната операција за ликвидација на ал-Багдади, кој на крајот се разнел со експлозив, но, како што тврди Трамп, нема дилеми дека се работи за водачот на Исламска држава.

– Нашите кучиња го бркаа низ тунелот, а тој истрча и ги натера своите три деца да трчаат со него. Кога стигнаа до крајот на тунелот, активираше експлозивен елек, убивајќи се себеси и неговите три деца. Неговото тело беше осакатено, но на лице место утврдивме со анализа дека тој е дефинитивно тој. Негативецот, кој работеше толку напорно за да сее страв, во неговите последни моменти беше преплашен и во паника, исплашен од гонењето – рече претседателот на САД.

Тој додаде дека во акцијата биле обезбедени и чувствителни документи за ИСИС, нејзиното потекло и планови.

-Падот на ал-Багдади ја покажува решеноста на Америка да ги прогонува терористичките лидери. Дофатот на нашите раце е многу долг – рече Трамп, кој неколку пати повтори дека водачот на ИСИС умрел како кукавица и како куче.

Поврзани новости