Црни прогнози на СЗО: Бројот на жртвите во Турција и Сирија може да биде осум пати поголем?

by fokus

Во Турција и Сирија, според последните податоци, во разорниот земјотрес загинале над 3.600 луѓе, а Светската здравствена организација предупредува дека бројот на жртви може да биде осум пати поголем, додека спасувачите се обидуваат да стигнат до затрупаните под урнатините.

„Секогаш истото се случува кога станува збор за земјотреси. За жал, првичниот број на загинати или повредени значително ќе се зголеми во следните недели, изјави за АФП високиот претставник на СЗО за Европа, Кети Смолвуд, а пренесува Би-би-си.

Таа додаде дека поради времето пропратено со снег, многу луѓе ќе останат без сместување, што дополнително ја усложнува ситуацијата.

Разорниот земјотрес што ја погоди Турција во 1999 година однесе 17.000 животи, а најголемата катастрофа ја погоди Турција во 1939 година кога на истокот од земјата загинаа 33.000 луѓе.

Поврзани новости