(ВИДЕО) Николоски: Пендаровски и Ковачевски се фатени во лага

by Fokus

„Изминативе денови Стево Пендаровски призна дека се среќавал со Асаф Исеин и кажа дека тоа го направил како состанок со лице ангажирано од страна на СДСМ. Во исто време претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски демантира дека има таква работа. Но, фактите го говорат токму спротивното. Имено во последните дваесеттина дена повеќе од 10 дена ова лице Асаф Исеин е присутно во Скопје и е често виден гостин во седиштето на СДСМ. Па, се поставува прашањето дали можеби е заинтересиран за македонско државјанство по кое би се зачленил во СДСМ затоа што верува во нивната програма или вистината е можеби она што го кажува Стево Пендаровски, а тоа е дека е ангажиран од страна на СДС“ рече денеска на прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Според него, „имајќи предвид дека имаме сериозни сознанија дека е ангажиран од страна на СДС очигледно е дека Пендаровски и Ковачевски се фатени на дело како и едниот и другиот лажат за ангажманот на ова лице“.

„Прашањето кое до денес не го одговорија е кој ќе го плаќа ова лице и зошто договорот со него не е евидентиран од страна на СДС како што прават политичките партии обично кога ангажираат странски консултанти. Колку чини неговиот ангажман и дали можеби тој е платен од страна на некои надворешни држави и странски држави кои би сакале да се вмешаат во изборите во Македонија и дали знаат дека со ова прават тешко кривично дело доколку е така или можеби го плаќаат дома, од домашни извори но не преку сметка туку можеби оди плаќањето во кеш што е исто така тешко кривично дело“ вели Николоски.

Тој прашува „која е неговата улога овде и што точно треба да прави, и трето да поставам еве ново прашање и да фрлам нова ракавица, дали е вистина или не дека ова лице има локална поддршка од страна на најмалку една маркетинг агенција која спроведува анкети и една пиар агенција која снима спотови и дали главното седиште на оваа екипа која му помага пред се во делот на снимање на видео спотови кои масовно се споделуваат овие денови се со црна кампања за ВМРО-ДПМНЕ дали седиштето на овие лица кои ги снимаат спотовите е во еден хотел на кејот на Вардар и каква е нивната улога?“.

Поврзани новости