(ВИДЕО) Николоски од Брисел: Разговарам со претставници од ЕУ за случувањата во Македонија – криминалот цвета, а економијата тоне

by Fokus

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој е во работна посета на Брисел вели дека „има чест да биде дел од изборот на 40 највлијателни личности во Европа под 40 години“.

Николоски напомена дека со политичари, бизнисмени, новинари, активисти и борци за човекови права од сите страни на Европа разговарале за состојбата во економијата во Македонија, за состојбата во политиката во Македонија, но и за можностите кои што земјава ги нуди како потенцијално место за инвестиции.

„За жал во Македонија корупцијата цвета, а економијата тоне. Ова високо ниво на корупција ги уништува сите шанси за напредок на државата. Високото ниво на корупција и организиран криминал ги одвраќа инвеститорите од инвестиции во Македонија, а ги тера младите да ја барат перспективата надвор. И затоа дискутираме како можат овие состојби да се променат. Јас зборувам дека се потребни брзи предвремени избори на кои што ќе дојде до промена во Македонија и една влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ќе го постави патот напред кон економски просперитет и борба со организираниот криминал и корупција. Но, исто така и кон достоинствена Македонија и достоинствен македонски народ, со заштитен македонски јазик , македонски идентитет, признат и прифатен од сите“ порача Николоски.

Поврзани новости