(ВИДЕО) Невремето стигна и во Србија: Ветрот носи се пред себе

by Фокус

Невремето што ја зафати Италија, а потоа и Словенија и Хрватска, стигна и во Србија и Република Српска.

Ветерот дува толку силно, што се чини дека куќите ќе бидат разнесени, известуваат српските медиуми.

Силно невреме веќе ги зафати Сомбор и Суботица, а следниот што ќе биде погоден е Нови Сад.

Според известувачот на „Блиц“ од Нови Сад, невремето веќе пристигнало, а над градот се појавиле „чудни облаци“, какви што досега не се видени.

Поврзани новости