ВИДЕО: Нереди и протести на илјадници луѓе во Париз

by Fokus

-Денес ова не е борба на семејството Траоре, туку борба на сите нас. Денес, кога се бориме за Џорџ Флојд (Афроамериканец убиен во САД), се бориме за Адам Траоре, рече Аса Траоре, неговата сестра на собирот на кој демонстрантите извикуваа „Бунт“ и „Целиот свет ја мрази полицијата“.

Аса Траоре рече дека она што се случува во САД е „одек на она што се случува во Франција“. Таа потсети дека нејзиниот брат Адам почина на 19 јули 2016 година, во касарната во предградието на Париз, два часа по неговото апсење.

Аферата, која стана симбол на полициското насилство, стана „бојно поле“ за експертите. Минатата недела, со судска експертиза беше отфрлена одговорноста на жандармите, додека вчера беше објавен втор извештај, кој беше направен по барање на семејството и во кој се доведува во прашање техниката на жандармеријата за време на приведувањето.

Демонстрантите палеа и кршеа во знак на протест против расната неправда, полициската бруталност и насилната смрт на Флојд.

Во почетокот демонстрантите клечеа со кренати тупаници, додека пожарникарите се обидуваа да ги изгаснат пожарите што ги палеа по улиците на француската престолнина, но протестите наскоро ескалираа во масовен излив на бес и уништување.

 

 

Префектот на полицијата во Париз, Дидие Лалман, пред протестот изјави дека полицијата не е ниту насилна ниту расистичка.

 

Поврзани новости