193
Илјадници посетители на Охрид традиционално се присутни за големиот празник Богојавление – Водици.
Поради големиот број на луѓе, присутни се бројни редари за да не настане хаос.
На плоштадот има и греано вино, а се пеат и обработки на стари македонски песни.
Главни забавувачи на Водици во Охрид се групата Некст Тајм.
И ова година имаше голем број пријавени верници кои скокаа по крстот, а сепак најсреќен беше 29-годишниот охриѓанец Никола Јакимовски. Беа присутни и неколку дежурни екипи на Црвениот крст, за да се погрижат за нивната безбедност и здравствената состојба.
Вики Клинчарова