514
Метеж и навалица од луѓе ги затекна трговските центри уште во раните утрински часови на првиот ден од Black friday. Шопинг треската ја зафати и Македонија. Улиците низ Скопје утринава беа празни, но не и ходниците во големите молови.
Најголемите гужви можат да се забележат во трговскиот центар Скопје сити мол. Луѓе утринава чекаа во редови да се отворат вратите од бутиците на познатите марки како би го искористиле први најавениот попуст.
Попустите ќе траат и викендов, а ќе се движат генерално околу 20 отсто.
Black Friday
Publiée par Skopje City Mall sur Vendredi 23 novembre 2018