Српскиот премиер Александар Вучиќ и членовите на српската делегација денеска беа нападнати од група мажи и жени во Поточари, Босна и Херцеговина.
Вучиќ изрази жалење што ова се случи.
„Некои не ја препознаа искрената намера да градиме пријателство меѓу босанскиот и срспкиот народ. Ваква омраза никогаш и никаде не сум видел, но мојата рака останува пружена кон босанскиот народ“ рече Вучиќ.
https://www.youtube.com/watch?v=ZdLXyzzRTG0
Српскиот премиер Александар Вучиќ, во пресрет на заминувањето на комеморацијата во Поточари, изјавил дека Србија јасно и недвосмислено го осудува „ужасното“ злосторство во Сребреница и дека се гади од оние кои учествувале во него, пренесуваат српските медиуми.
„Поминаа дваесет години од стравичното злосторство кое се случи во Сребреница. Не постојат зборови кои би можеле да ги изразат жалоста и тагата за настраданите, како и без огорчување кон оние кои го извршија тоа монструозно злосторство. Србија, јасно и недвосмислено го осудува тоа ужасно злосторство, се гади од оние кои учествуваа во него и ќе продолжи да ги изнесува пред лицето на правдата“, навел српскиот премиер во писмо до јавноста по повод 20-годишнината од злосторството во Сребреница.
Српскиот премиер истакнал дека има обврска да се поклони пред жртвите од Сребреница и дека тоа е чин со кој „земјата се определува кон иднината“.