(Видео) Напад во метро во Њујорк: има загинати и повредени

by Fokus

Едно лице загина, а пет се повредени кога вооружен маж отворил оган врз патници во њујоршкото метро, ​​соопшти полицијата.

Пукањето одекнало во воз, по тепачка меѓу две тинејџерски групи, соопштија претставници на Њујоршката полиција (NYPD) за време на прес-конференцијата пред станицата каде што се случило насилството.

Според информациите, загинал 34-годишен маж.

Полицијата трага по најмалку еден напаѓач, кој побегнал од местото на настанот, но не ја исклучува можноста за повеќе осомничени.

Поврзани новости