Кошаркарите на Фенербахче убедливо ја совладаа екипата на Алба во 32. коло од Евролигата, во меч кој го одбележа неверојатната игра на Најџел Хејс-Дејвис. Постигна 50 поени, постави рекорд во Евролигата и сосема заслужено беше најдобар играч на колото.
Сепак словенечкиот кошаркар Жига Самар се обиде да му украде момент слава бидејќи го направи најдобриот потег на натпреварот.
Откако го загуби дриблингот и си ја искомплицира ситуацијата во противничкиот рекет, Самар мораше да се фрли на подот и да се обиде да го врати поседот на топката. Времето за напад веќе истекуваше, немаше простор за асистенција, па Словенецот реши да шутира од земја – и погоди!
Иако ова беше еден од најтешките удари, топката се одби околу обрачот, а потоа влезе во кошот.
Погледнете како изгледаше тоа:
MAAAAAIIIS ??? 😳😳😳😳😳@FBBasketbol x @EuroLeague#SKWEEKLive #EveryGameMatters pic.twitter.com/T9nZS7mqXc
— SKWEEK (@skweektv) March 29, 2024