Предлогот за поставување на видео надзор и боди камери не се однесува на целата администрација, туку за службениците коишто вршат контрола, надзор и посебни овластувања особено во процесите коишто не можат да се дигитализираат и вклучуваат неопходно учество на човечкиот фактор, објаснува портпаролот на Владата, Душко Арсовски, откако вчера Владата предложи снимање на работата на државните службеници при контакт со граѓаните.
Овој предлог во наредниот период Владата детално ќе го истражува и анализира од аспект на негова имплементација, опфатот на службениците, обезбедувањето на сигурноста и приватноста на граѓаните, како и техничките и законските можности.
– Дигиталната трансформација на процесите е врвен приоритет на Владата како клучен механизам за сузбивање на корупцијата и за брзи и ефикасни услуги кон граѓаните за институциите коишто се токму во служба на граѓаните. Работна група веќе работи на подготовка на измените и дополнувањата на потребните закони за дигитална трансформација, изјави Арсовски.
Сите измени и дополнувања на потребните закони за дигитализација ќе бидат подготвени и доставени до Собранието до крајот на август.
Од Синидкатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани – УПОЗ реагираа дека предлозите на Владата преку видео надзор и боди камери да се регулира работата на службениците во ситуации кога е неопходно тие директно преку физички контакт да работат со граѓаните се нехумани, против законски и дискриминаторски сметаат од
Владата, нагласуваат од УПОЗ, е должна да го консултира и да го вклучи Синдикатот како социјален партнер при донесување на вакви законски решенија кои се однесуваат за условите за работа што е пропишано и со законите и со колективните договори и сметаат дека ваквите предлози доаѓаат како одговор на нивното барање да одпочне преговори за платите на администрацијата бидејќи, како што велат, 95 проценти од вработените имаат плата под просекот на државата.