627
По распитот во Специјалното јавно обвинителство, поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков беше опколен од новинарските екипи, кои колку и да сакаше, не успеа да ги избегне.
– „Началниче стигнавте ли до милијарда” , Чувствувате ли вина” – се дел од прашањата кои ги извикуваа новинарите, додека Мијалков излегуваше од просториите на СЈО.
Ексразузнавачот си замина без да одговори, ветувајќи изјава во наредна прилика. Тој денеска беше на распит и даваше изјава за случајот „Тортура” поврзан со апсењето на Љубе Бошковски, а за кој му се заканува казна од една до пет години затвор.
Видео: Мактел.мк