Сан Бјаџо Платани во регионот Агриџенто на Сицилија го зафати силно невреме пропратено со град. Инаку, во овој дел на Италија истовремено има и пожари.
-Имавме град кој уништи половина град и предизвика огромни штети на маслинови полиња и насади со фстаци, му напиша градоначалникот на градот, Салво Кочини, на генералниот директор на Цивилната заштита на Сицилија. Градот достигна рекордни големини со парчиња мраз со големина на тениски топчиња.
На жителите им се препорачува да не ги напуштаат домовите. Најмалку две лица загинаа во пожарите што денеска го зафатија италијанскиот остров Сицилија а стотици гости се евакуирани од хотелите. Пожарите биле предизвикани од силен ветер и високи температури.
Жена (42) го загубила животот обидувајќи се да си ги спаси коњите, известија од службата за цивилна заштита. Таа била со нејзиниот татко и браќата, но се претпоставува дека поради жештината и чадот ја изгубила ориентацијата и паднала во кањонот, се вели во пријавата.
Според новинската агенција АНСА, 68-годишен маж исто така загинал откако избегал од својот запален дом западно од Палермо.
Според извештаите, пожарот започнал во планините околу Гибилмана и се проширил во околината во областа Палермо. Од синоќа се извршени повеќе од четириесет пожарни интервенции на вегетација и сува трева од каде пожарот почна да се шири.
&n
Incendi per lo scirocco a #Palermo in viale regione Siciliana
Si lo scirocco…. pic.twitter.com/ppjMVQhG5j— 𝔗𝔥𝔢 𝔅𝔞𝔯𝔬𝔫 𓃭 (@IlBarone_Siculo) September 22, 2023
bsp;