Земјотрес во Србија

by irena 08:30
08:30

Во текот на ноќта, Србија беше погодена од два земјотреси, објави Републичкиот сеизмолошки институт на Србија (РСЗС), наведувајќи дека во 2:35 часот наутро, земјотрес со магнитуда од 4,1 степени е регистриран во близина на Бездан.

Како што соопшти РСЗС, интензитетот во епицентарот е проценет на шест степени од Меркалиевата скала, што значи дека земјотресите со таа јачина можат да предизвикаат помали штети на зградите во епицентралното подрачје, објави Радио-телевизија на Србија (РТС).

Епицентарот бил во областа помеѓу Бездан и Бачки Моноштор, на работ на Специјалниот резерват „Горње Подунавље“.

Десет минути подоцна, регистриран е и послаб земјотрес со магнитуда од 2,5 степени.

Слични вести