793
Бабата од Индија по име Багвани Деви Дагар стана славна благодарение на нејзините резултати на Светското првенство во атлетика за постари од 35 години (World Masters Athletic championship), кое се одржуваше во Финска.
На патеката од 100 метри, Дагар успеа да постави резултат од 24,74 секунди што беше доволно за прва да ја мине целта и да се закити со златниот медал.
Инаку, Дагар има 94 години.