Медведeв jа предупреди Украина: Не го предизвикувајте судниот ден

by Фокус

Актуелниот заменик претседател на рускиот Совет за национална безбедност, Дмитриј Медведев, поранешен шеф на државата и премиер, предупреди дека доколку се остварат заканите од Киев за напад врз црноморскиот полуостров Крим ќе се соочи со својот, како што рече, „суден ден“.

„Одредени егзалтирани, крвави кловнови, кои се појавуваат таму (во Киев) одвреме-навреме со некои изјави, уште повеќе се обидуваат да ни се заканат, имајќи предвид врз Крим…. Во врска со тоа сакаме дека е сосема очигледно дека тие ги разбираат последиците од таквите изјави. А последиците се очигледни дека доколку се случи такво нешто, за сите таму веднаш ќе дојде Судниот ден. Многу брзо и многу тешко. Ќе биде многу тешко да се сокријат“, рекол Медведев на средба со воените ветерани во Волгоград.

Во петокот, Вадим Скибицки, портпарол на Главната разузнавачи управа (ГРУ) на украинското министерство за одбрана, изјави дека Киев може да ги употреби американските ракети со долг дострел за да изведе напади врз Крим.

Истовремено и Олексиј Арестович, советник во кабинетот на украинскиот претседател, изјави дека украинската војска може да изведе напади врз Кримскиот мост „што ќе се појави техничка можност“ за тоа.

Поврзани новости