Директорот на компанијата Алкалоид Живко Мукаетов вели дека секоја земја на Балканот има некоја своја филозофија и поставени закони, и дека затоа треба да се работи на хармонизација на законодавството.
Како што наведува во интервјуто за српската телевизија Н1, таксите и даноците се различни во блиските земји и додава дека покрај тоа секоја држава, иако е членка на ЦЕФТА, се обидува да го заштити своето производство, што според него е контрапродуктивно, бидејќи компаниите треба да се борат на слободниот пазар.
„Имаат некои сегменти кои се хармонизирани, но има и такви кои не се и тука треба да се поработи. Застоите на границите се контрапродуктивни, гужви, документи, средства кои ги трошат компаниите и се поврзани за бирократијата“, вели Мукаетов.