1K
Едно од момчињата што стоеше зад Никола Груевски за време на неговата прес конференција се онесвести додека лидерот зборуваше. Никој од младите кои стоеја покрај него не му помогна, како да се плашеа да не го нарушат протоколот.
Потоа момчето стана и полека си замина од кадарот. Додека ова се случуваше, Груевски си го читаше својот говор од „идиотите“ во партиското седиште.