Груевски: СДСМ вети докторска плата од 100 илјади денари, а не ја покачи ниту денар

by fokus 18:53
18:53

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на денешната прес конференција, ја обвини власта, меѓудругото, дека ги излажала докторите дека ќе им ја покачи платата.

-Направија реваншистичка смена на директорите во јавното здравство, при која докажани професионалци и врвни доктори беа заменети со лица со помал квалитет, и при што назначуваа за директори лица кои меѓу другото имаа и правосилни пресуди за земање на мито од пациенти во минатото. Не обезбедија ниту еден, значи ниту еден нов медициснки апарат или опрема, а во наше време без набавеи над 1700 апарати на најсовремена медицинска опрема и апарати. Не е намалена цената на ниту еден лек, а во наше време беше намалена цената на над 700 лекови. Грубо, грубо ги излажаа докторите со ветувањето дека наводно ќе ја покачеле докторската плата на 100.000 денари, а не ја покачија ниту за 1 денар, рече Груевски.

- Advertising -

На крајот од своето обраќање, Груевски повторно го повика народот на локалните избори да гласа за ВМРО-ДПМНЕ, за да ја спаселе Македонија. Тој рече дека со 51 пратеник, не можеле ништо да направат.

Поврзани новости