Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски кој е во домашна самоизолација, преку видео обраќање испрати критики кон актуелната политичка власт во Македонија.
„Она што изминатиов период владата го превзема се чекори коишто се недоволни во насока на ова коешто јас го зборувам, и во насока на тоа што го зборува ВМРО-ДПМНЕ и е содржано би рекол во говорот на Кристалина Ѓеоргиева. Потребна е прецизна и робусна акција во насока на поддршка на стопанството. Она коешто беше прв бран сет на мерки коишто ги донесе владата, навистина не беа доволни и беа критикувани не само од нас како најголема политичка партија и опозиција во моментов, туку и од бизнис заедницата. Она што можеби е добро во овој момент што го гледаме е што оваа би рекол надмена политика на СДСМ и владата да не слушаат никого, гледаат дека не води никаде и полека постепено под притисок на јавноста и под притисок на опозицијата, почнуваат да водат една нова поинаква политика наречена „пиши-бриши“ политика“, истакна Мицкоски во својот говор.