Во Италија повторно скокна бројот на заразени и починати од корона вирусот

by Fokus

Бројот на смртни случаи од новиот корона вирус во еден ден во Италија повторно се зголеми – во изминатите 24 часа има 619 нови смртни случаи, додека вчера беа – 570.

Дневниот број на нови случаи е исто така зголемен за 4.694, во однос на 3.951 претходниот ден.

Вкупниот број на смртни случаи достигна 19.468, а заразени се 152.271.

Денешниот биланс на состојба на починати е највисок од 6 април. Досега 3.534 лица се опоравиле од Ковид-19 во таа држава.

Поврзани новости